Спасовски предупредува за црна кампања со лажни вести, ама кој ги лиферува?!

Технички премиер најавува црна кампања и лажни вести пред избори,а министерот за внатрешни работи обвинува дека веќе е жртва на фејк њуз продуцирана токму од премиерот. Спасовски во интервју за ЕУ Опсервер вели дека до 12 Април очекува највалкана кампања во историјата на Македонија, но уверува дека државата има капацитет да спроведе фери и демократски избори

“Сигурен сум дека оваа изборна кампања ќе биде една од највалканите во историјата на земјата. Сигурен сум дека лажните вести и медиумската пропаганда ќе бидат секојдневие за време на изборите. Но, државните институции се доволно силни и подготвени да обезбедат изборите да се одржат во нормални околности”, изјави Спасовски.

Најавите на Спасовски црна кампања и лажни вести доаѓаат во период кога актуелни се информацијата, а потоа и демантот од МВР за тоа дека министерот Наке Чулев размислувал за оставка. Информацијата ја објави порталот Либертас чиј уредник и натаму стои на ставот. Во текстот се вели дека Чулев тоа ќе го направел поради солидаризирање со разрешената министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

Според Чулев, токму Спасовски продуцираљ спинувани информации како резултат на стравот од она што тој го објавил на прес-конференција.

“Веројатно денешната прес конференција на која открив незаконски постапки во кои грубо се кршел законот за јавни набавки како и претходната прес-конференција на која зборував за злоупотреби поврзани со набавката на пасоши и други лични документи, како и актуелните криминалистички истраги за други случаи е причина за паниката на Оливер Спасовски, па тој тргна во злоупотреба на министерството за внатрешни работи во партиски цели и објавување на спинувани информации во медиумите”, објави Чулев на Фејсбук.

Со критика за лажните вести се јави поранепшниот дипломат Арсим Зеколи. Тој вели дека лажните вести на СДСМ треба да се земаат со сомнеж и памет за методот агресија, хистерија, патетика. Зеколи се пошегува и на Твитер напиша дека и Мицкоски и Ахмети поднеле оставка.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста