Следува ли предизборна коалиција на албанските опозициски партии?

Следува ли предизборна коалиција на албанските опозициски партии? Ќе договорат ли БЕСА, Алтернатива и Алијанса на албанците да го урнисаат Ахмети на априлските избори?

Партијата на Касами по вчерашниот состанок изнесе став за трипартиската предизборна коалиција. Велат преговорите се во тек и има добра воља за договор.
Од Алтернатива пак велат дека засега биле во преговори само со Алијанса на албанците, но не и со БЕСА.

Ние како Алтернатива сме убедени дека нема потреба од никакво проширување на коалицијата, бидејќи само ние во коалиција со Алијанса, може позитивно да ја промениме политичката слика кај албанскиот електорат.

Откако лидерот на Алијанса, Села јавно кажа дека имаат намера да ги сплотат опозициските партии, сега не даваат инфомации до каде се и како течат преговорите со БЕСА и Алијанса.

Додека другите албански партии калкулираат, од ДПА пресекоа, на изборите ќе одат сами, ама оставија можност за постизборна коалиција, но само ако Тачи биде вицепремиер, а ДУИ да не е дел од Владата.

Интегративците велат дека тие како партија немаат потреба да коалицираат со албанските партии поради како што велат од ДУИ сите анкети и сите анализи кои ги направиле покажувале дека добија чист мандат за да ги претставуваат Албанците во Владата.

Од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ пак не се сигурни дали би коалицирале со ДУИ доколку победат. Опозицијата вели се зависело од тоа дали ќе најдат допирни точки за клучните прашања, додека пак за социјал-демокатите ќе одлучел пулсот на народот и изборните програми. Ахмети останува на линијата влада од победник со победник. Иако на претходните избори тоа не се случи.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста