Сензационални победници на Индијан Велс – Федерер по долго време не е во „ТОП 10“

Камерон Нори е сензационалниот победник на годинешниот Мастерс турнир во Индијан Велс. Британецот во големото финале по пресврт го совлада Грузиецот Николоз Басилашвили со 2-1, по сетови 3-6, 6-4, 6-1. Во своето шестто финале годинава, Нори дојде до првиот Мастерс трофеј и до само втората титула во кариерата. Очекувано, ова му донесе прогрес од 11 позиции на АТП ранг листата, и сега е на одличното 15то место.

За прв пат по јануари 2017та, Роџер Федерер не е меѓу десетте најдобри. Швајцарецот падна на 11то место, а во ТОП 10 влезе Хуберт Хуркач. На врвот нема промени, Ѓоковиќ ја започна 343та недела како број еден на светот со 1800 поени повеќе во однос на второрангираниот Медведев. Нема измени ниту кај понежниот пол во ТОП 3, Барти и натаму убедливо пред Сабаленка и Плишкова. Огромен прогрес бележи сензационалната победничка на Индијан Велс, Паола Бадоса. Шпанката скокна за 14 места, сега е 13-та по триумфот над Викторија Азаренка во финалето на Индијан Велс, што за неа ова е само втора титула во кариерата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста