Реките стануваат пловни депонии-риболовците алармираат дека живиот свет е во опасност

Тетовци  со години наместо риби, во тетовска Пена, гледаат само смет и отпадоци. Риболовните здруженија од тетовско реагираат  на енормното загадување на реките и негрижата на надлежните.Деновиве после многу долго време, Пена е порибена.Но,колку е чиста реката за нов живот-се прашуваат рибарите.Инспекциите, тврдат, никаде ги нема.

Малку е проблем со инспекторите, не ни излегуваат во пресрет.Звониме, дојдите, па не доаѓаат, не било до нив, не моткаат,а ние како риболовно здружение не можеме да направиме записник-рече Стојанче Анѓелковски- претседател на здружение Риболовец Вардар – Брвеница.

Доволно е само една обиколка околу коритото на Пена,за да стане јасно колку е состојбата сериозна.Сликата со мини депониите,е речиси секаде иста во полошко.

Речните корита во тетовскиот регион се претворени во вистински депонии.Покрај реките веќе долго време се фрла секаков отпад, но инспекциските служби, се чини, не реагираат.

И на толку смет и загадени реки, нема ниту една казна од инспекциите.Тоа велат, било до свеста на граѓаните.

Еве сега ние сме тука, ќе седиме два саати никој нема да фрли сигурно, тоа се фрла кога не сме ние на терен.За отпадоците што се фрлаат тоа е до свеста на граѓаните, ние не можеме да бидеме нон стоп присутни оти имаме многу обврски-вели Томислав Јоргушески- Инспектор за животна средина.

Пена, но и многу други реки низ државата,поради негрижата стануваат пловни депонии.Риболовците алармираат –дека  во опасност е живиот свет,ако продолжи неажурноста на надлежните, но и неспроведувањето на еколошките Закони.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста