„Рекет„ се одложи, адвокатите на Јанева биле болни

Дали на повидок е смислено сценарио за одолговлекување на постапката  за милионскиот рекет за што обвинети се Боки 13 и екс специјалната обвинителка Катица Јанева? Денеска судењето траеше само 30 минути, од двајцата адвокати на Јанева во судница не се појави ниту еден. Дељо Кадиев бил на инфективна, примал антибиотици и во болница ќе останел 7 дена, кажа неговиот приправник. Но во судот не се појави ниту вториот бранител на Јанева, адвокатката Ирена Фрчкоска, таа утрово пред почеток на судењето испратила известување дека е болна, ама не дала никаква документација, нејзиниот приправник не кажа од што е болна.

Фрчкоска минатиот петок барала одложување на судењата поради боледувањето на адвокатот Кадиев, откако судијката одговорила дека не може да се одложи рочиште бидејќи обвинетата Јанева има двајца адвокати и доколку едниот не присуствува може да ја брани вториот адвокат утрово наводно се разболела и Фрчкоска.

На денешното рочиште требаше да сведочи обвинителката Лиле Стефанова која ја водеше истрагата за случајот „Империја“, а нејзиното име се спомнува  во аудио снимките за случајот „Рекет“.

Катерина Гетева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста