Разговорот на Заев објавен во Собранието заврши кај Рускоска- ќе биде доказ за „Меѓународен сојуз““

Телефонскиот разговор кој беше објавен во Собранието, каде според Антонио Милошоски, екс премиерот Зоран Заев кажува дека ја финансирал 1ТВ и знаел за нелегалното финансирање на Меѓународниот сојуз, заврши во рацете на Вилма Рускоска. Како што изјави Милошоски, кој утринава го предаде разговорот и уште еден транскрипт, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, му потврдила дека материјалите кои биле доставени ќе биле дел од доказите за случајот „Меѓународен сојуз“.

-И самиот аудио запис и транскриптот даваат еден сериозен сомнеж дека поранешниот премиер, господинот Заев подолго време знаел за начинот на финансирањето на Меѓународниот сојуз, што не бил легален  и помагал според неговата изјава во тој запис за финансирањето на 1ТВ, изјави Милошоски.

Милошоски побара Рускоска да го повика Заев во Обвинителството, да каже што знае за „Меѓународниот сојуз“ и финансирањето на 1ТВ. Вели засега ова е се што имал, а доколку повторно од укажувач нови материјали, истите ќе ги достави до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

-Се што сум имал досега сум доставил. Доколку во следниот период било на кој начин се стигне или се добие на истиот начин било каков материјал кој е корисен и може да фрли нова светлина на овие истраги за „Рекет“ и за Меѓународниот сојуз, би постапил како претходно, изјави Милошоски.

Инаку, покрај за случајот „Меѓународен сојуз“ каде екс премиерот ќе биде доказ, семејството Заеви како докази се појавија и во случајот „Рекет“. На едно од видеата се гледа Катица Јанева, која оди во вилата на водно кај Зоран Заев. Во друго пак се гледа Зоран Милески седнат во скопско кафуле заедно со Вице Заев. Алфа сакаше да го праша братот на лидерот на СДСМ, за што разговарал со Зоки Кичеец, но тој не одговара на повиците и се уште нема вратено на испратената СМС порака.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста