Пукање од автоматска пушка кон семејна куќа синоќа ги вознемири тетовчани

Пукање од автоматска пушка кон семејна куќа синоќа ги вознемири тетовчани

Тетовчани синоќа беа вознемирени од пукање од автоматска пушка кон семејна куќа. Неофицијално, станува збор за крвна одмазда, а инцидентот е поврзан со престрелката пред тетовската болница од 11ти јануари.

Случајот во полиција го пријавил извесен М.Т. од Тетово.

– Досега нема пријава за повредени лица, информираат од Секторот за внатрешни работи, Тетово. Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста