Пронајдено телото на 16-годишното момче во Преспанското езеро

По трет дена  пребарување на  езерото во Претор, изчезнатото момче околу 14 часот е пронајдено од одумчлената екипа на нуркачите од специјалната единица на МВР. Органите на истрагата, допрва треба да одлучат за натамошната постапка.

Инаку, екипата на АЛФА денеска затекна еден куп роднини на момчето во Претор, кои беа незадоволни од институциите и морале да интервенираат во Турската амбасада за да се забрза процесот на негово пронаоѓање,  ама никој не сакаше да зборува пред камера.

  • Ги зголемивме екипите од МВР и денеска дојдоа осум души и од девет часот континуирано се врши потрага. Се зголеми периметорот. – рече градоначалникот Живко Гошаревски.

Ресенскиот градоначалник, најавува формирање на спасувачко друштво и обука на спасувачи, за да се избегнуваат ваквите трагични настани, а денеска, на  локалните комунални инспектори им беше наложено да го обиколат езерото и на концесионерите да им наложат примена на безбедносни мерки.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста