Продолжуваат судирите на грчко-турската граница

Тензиите на грчко-турската граница не запираат поради пристигнување на голем број мигранти кои се обидуваат да влезат во ЕУ. Турција утрово фрли солзавец кон грчките граничари, објави Ројтерс.

Потоа, известувачите на Ројтерс известија дека виделе како грчките сили користат водени топови во обид да ги растераат мигрантите кои се собираат на границата.

„Нападите се координираат со помош на дронови. Покрај заплашувањата, турската полиција со тие напади сака да им помогне на мигрантите да ја преминат граничната ограда“, рече грчки владин претставник.

Од Турција пак се вели дека користеле солзавец само како одговор на солзавецот испукан од грчката страна.

„Зошто Турција би пукала солзавец на грчката страна од границата?“ пред новинарите изјави министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу за време на посетата на граничната област во четвртокот. „Грција пука солзавец кон нас, тие пукаат солзавец на нашите полициски станици на границата. Ние одговараме на тоа“.

И двете страни во средата употребиле солзавец на преминот Кастаниес. Претходно, Анкара ги обвини грчките сили за убиство на четири мигранти. Атина го негираше ова, а Грците рекоа дека турските сили им помагаат на мигрантите да ја преминат границата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста