Поради неажурноста и несериозноста на надлежните, посевите на ориз во кочанскиот крај годинава ќе бидат уште помалку обработени

Поради неажурноста и несериозноста на надлежните, посевите на ориз во кочанскиот крај годинава ќе бидат уште помалку обработени

Ќе доцни овогодинешната сеидба на ориз. Наместо во мај, кочанското злато ќе се сее во јуни, тврдат земјоделците од Облешево. Според нив, ова се должи на неисчистените канали по кои се дистрибуира водата до нивните ниви.

„Сеидбата и оваа година ќе касни. Нема ниту една исчистена вода од страна на Водостопанство „Брегалница“ и ситуацијата е алармантна. Тие водите не можат да ги исчистат до 11 октомври, а не сега. Тоа значи дека пак ќе сееме во јуни, што значи ние се снаоѓаме како знаеме и умееме. Ако лани производството беше десеткувано, сега мислам дека за 50% ќе се намали„ изјави Здравко Арсов од Националната мрежа на земјоделци“, вели Здравко Арсов од Националната мрежа на земјоделци.

Проблеми има и со откупната цена која наместо да се зголемува се намалува. Поради ова голем дел од последната реколта, оризопроизводителите ја чуваат во амбарите. Во моментот килограм оризова арпа се продава по 32 денари и е пониска од производната. Дополнителен проблем се пестицидите, немањето на семенски материјал, како и во целост неисплатените субвенции.

„Николовски ветуваше дека ќе ги исплате субвенциите, но 50% од производителите ги немат добиено субвенциите и покрај тоа што целата документација е уредна. Мислам дека го малтретират земјоделецот и го бркаат од оризните полиња„ изјави Арсов.

Со планот за наводнување за оваа година предвидено е со ориз да бидат посеани 3.800 хектари.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста