Помпео удри по еден од главните албански лобисти во Вашингтон

Станува збор за, како што пишува српскиот весник, творецот на лагата за наводните силувања на 20.000 Албанки за време на војната на Косово и Метохија – американскиот конгресмен Елиот Енгел.

Иако судирот иницијално бил предизвикан поради барањето за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп поради скандалот со Украина, судирот на Помпео и на демократот Енгел практично ги разоткрива „валканите методи“ кои со години ги користат албанските лобисти, распоредени на клучни позиции во американската администрација, пишува Новости.

Војната околу водењето на надворешната политика на разни фронтови, вклучувајќи го решавањето на косовското прашање, кое веќе долго тлее меѓу Стејт департментот и делови од Конгресот, ескалирала во вторникот, со отвореното писмо кое Помпео му го испратил на Енгел и го постираше на својот профил на Твитер.

Помпео го предупреди Енгел, кој е претседател на одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом, да престане „да се заканува и да ги повикува на сослушувања професионалците од Стејт департментот“.

Шефот наа српската дипломатија Ивица Дачиќ укажа дека Помпео јасно порачал дека нема да го дозволи малтретирање на дипломатите кое го спроведува Енгел.

„Ако Енгел врши ваков притисок врз Стејт департментот, можете само да замислите што им прави на другите земји во врска со КиМ. А добиваше милиони долари од Приштина и отворено зборува дека лобира за независно Косово, бидејќи за него гласаат Албанците во САД. Од друга страна, еден конгресмен во Америка кажа дека српската дијаспора е најдобра бидејќи не бара ништо за возврат за своите гласови. Затоа што сме будали. Да гласате за некого, а да не очекувате ништо, па тоа никој во светот не го прави“, кажа Дачиќ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста