Пендаровски во сабота ќе одлучува за вонредната состојба, договор за лидерска се уште нема

Пендаровски во Сабота по седницата на советот за безбедност ќе одлучи дали Македонија и во наредниот период ќе живее во вонредни услови.Од кабинетот велат дека неговата одлука ќе зависи од здравствените околности, а не од датумот за одржување на изборите. Сепак потегот на шефот на државата може да го одреди терминот на гласање. Особено имајќи го предвид инсистирањето на власта за избори 22 дена по завршувањето на вонредната состојба.

Најав аза лидерска пак се уште нема. Пендаровски чека на договор на Заев-Мицкоски за да ги свика претседателите на партиите. Она што е симптоматично е дека социјалдемократите веќе не го споменуваат 21 Јуни. Тоа се толкува како можност за простор за договор со ВМРО-ДПМНЕ. 5 Јули најчесто се споменува како датум за гласање но неофицијално постојат различни ставови за тоа дали да има избори на почетокот или на крајот на месецот.

Заев повторно бара избори најбрзо што може за подготвени да сме го пречекале новиот бран на корона вирусот.

“На граѓаните и на државата им требаат институции со целосен легитимитет за да создадат услови за новата нормалност, со полн капацитет да го заштитиме здравјето на граѓаните и да ја рестартираме македонската економија”, вели Заев.

Во ВМРО-ДПМНЕ единтвено повторуваат дека има разговори за датумот на избори.

“Канал за комуникација постои. Ние стоиме на нашиот став. Тој е непроменет. Треба да се создадат услови за избори и здравјето на граѓаните да не биде загрозено”, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Според техничкиот премиер Спасовски пак Уставот бил јасен дека изборите треба да се одржат 60 дена по распуштањето на собранието. Економската ситуација може да ја натера владата да побара ново продолжување на вонредната состојба.Спасовски повтоно повика на разум на лидерите на партиите.

“Јас очекувам дека сите ќе бидат доволно разумни, политички мудри да разберат дека овие парламентарни избори треба да се одржат во моменти кога тоа е можно и врз основа на Уставот и законот и врз основа на оваа здравствена криза”, вели Спасовски.

Државната изборна комисија веќе се произнесе дека не е во можност да спроведе избори за 22 дена.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста