Партиите се подготвуваат за избори – познати коалциите и листите

Партиите се подготвуваат за избори – познати коалциите и листите

Тимот кој победува не се менува, со оваа премиса се чини политчките партии веќе  заклучуваат изборните листи. На 4 дена пред да заврши рокот за доставување на листите до ДИК, партиите ги финишираат своите коалции и листи за пратеници со кои ќе настапат на претстојните избори.

Коалциите горе доле се познати, а и носителите на листите. Фали по некое име кое се очекува веќе утре илиз задутре да биде познато.

Денеска и официјално ВМРО- ДПМНЕ потпишаа договор со нивните коалциони партнери. Коалцијата го носи името Твоја Македонија и во неа учествуваат 24 партии меѓу кои и партиите на Подем, Маак, Македонски концепт.

Веќе е позната и колицијата предводена од СДСМ која овие избори остана покуса за неколку партии кои беа претходно со нив, како партијата на Павле Трајанов и онаа на Стојанче Ангелов. Коалицијата за Европска иднина ја сочунваат 14 партии, меѓу кои ДОМ, НСДП, ВМРО-НП, ЛДП.

СДСМ ги објави коалционите партнери и носителите на листите, но не и кои лица освен нсоителот и ко-носителот ќе бидат дел од трката за пратеници во Собранието. Калкулирањето со обајвувањето на имињата е најверојатно заради незадоволството на изборот на Ковачевски за кои имиња ќе се најдат на добитните места. Социјал-демократие и јавно почнаа да се караат меѓусебе за кој на кое место треба да биде и дали некој воопшто требал да биде ставен на истите. СДСМ имаат рок до 2 април за да ги заклучат листите и предадат во ДИК.

Овие избори има и уште една нова коалција, односно здужувањето на силите на партиите на Стевчо Јакимовски, Самка Ибраимовски и Љупчо Ристевски. ГРОМ, ПЦЕР и Интегра заеднички со својата коалција Храбо за Македонија, ќе бараат глас на 8 мај.

И Левица ќе настапи на овие избори, но самостојно без коалција зад себе, барем засега. Исто и движењето на Максим Димитиревски – ЗНАМ.

Со свои листи оди и обединетата албанска опозиција која се нарекува ВРЕДИ, во неа учество земаат Алтернатива на Африм Гаши, Демократско Движење на Изет Меџити, БЕСА на Билал Касами како и Алијанса на албанците на Арбен Таравари.

И ДУИ си направи коалција, Европскиот фронт кој требаше да го раководи Ковачевски сега го превзема Ахмети. Интегративиците уште ги финишираат партиите со кои ќе играат. Засега позанто е дека со Ахмети ќе настапат, крилото на Села од АА,  ДПA на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ДЕП на Аријан Хоџа и Демократска партија на Турците (ТДП), и партијата Унија на ромите.

Носителите на листите за коалциите би изгледале вака:

Во изборна едница 1 ќе се соочат : ВМРО ДПМНЕ и коалцијата со Христијан Мицкоски, СДСМ и колацијата со Димитар Ковачевски, ВРЕДИ со Изет Меџити, колацијата Храбро за Македонија Добрила Андонова, Левица – Димитар Апасиев, ДУИ Блерим Беџети, ЗНАМ – Бобан Карапејовски.

Во изборна едниница 2 : ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, СДСМ Оливер Спасовски, Вреди Африм Гаши, Левица Амар Мециновиќ, ЗНАМ Даниел Стојчевски, колација Храбро за Македонија Љупчо Ристевски, ДУИ Садула Дураку.

Изборна едница 3 ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, СДСМ Сања Лукаревска, ЗНАМ Павле Арсовски, Левица Борислав Крмов, колација Храбро за Македонија Јордан Николов.

Изобрна едница 4 ВМРО-ДПМНЕ Алекснадар Николовски , СДСМ Венко Филипче, Левица Сашко Јанчев, ЗНАМ Миле Цеков , Храбро за Македонија Ружица Николова.

Во 5ката ќе се соочат ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајковски, СДСМ Јован Миревски, ДУИ Зијадин Села, Левица Јована Мојсовка, ЗНАМ Весна Бендаевска, Самка Ибраимовски – коалција Храбро за Македонија.

И во 6тата изборна едница ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска, СДСМ Славјанка Петровска, ВРЕДИ Билал Касами, ДУИ Али Ахмети, Левица Игор Димески, ЗНАМ Небојша Захариевски, Зоран Софревски – Храбро за Македонија.

Независни пратенички листи засега нема.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста