Отворањето на граници за политички потреби ги скара Филипче и Зибери?

Дали пак власта покажа дека игра според свирката на ДУИ за да ги отвори границите? Се покажа ли дека клучното тело за справување со ковид 19- Комисијата за заразни болести, се претвори во обична партиска играчка?  Првиот човек на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери јавно се пофали дека ДУИ ургиралa во Комисијата за заразни болести да препорача отворање на границите за да можат нивните гласачи во дијаспората да бидат во Македонија за денот на изборите. Зибери за Алфа – призна дека ургирал.

„Се знае дека им голем број на Албанци иселеници, тоа беше и нивно барање да бидат отворени границите за да можат да се вратат не само за избори и да ги видат и нивните најблиски. Јас сум кандидат за пратеник на ДУИ и секако стојам позади тоа дека ислениците треба да ни дадат политичка поддршка.“–  изјави Арбен Зибери, директор на Центар за Јавно Здравје.

Зошто СДСМ не го спречи ова? Зарем Зибери делувал самостојно од Владата? Филипче вели денеска ја прочитал изјавата на Зибери, и има намера уште денеска да го разреши.

„Oва сметам дека е предизборна реторика и тоа евтина и лоша и ништо нема да добие директорот со оваа изјава. Уште денеска ќе се консултирам со правниците и ако во овој период може, директорот денес ќе биде сменет.“ – рече министерот Филипче.

Зибери експресно реагираше на критиката од Филипче. Министерот не смеел да му забранува да пишува што сака на Фејсбук.

Останува отворено како е возможно Зибери да ургирал за ваква сериозна одлука а Владата да не знае? И на крајот, кој воопшто има моќ  да одлучува во Комисијата наспроти политиката, и каде е тука грижата за здравјето на граѓаните?

 

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста