Општината Охрид поднесе тужби против концесионери кои работеле на диво

Откако на довчерашните концесионери им се дозволи распослани да газдуваат со плажите, правејќи тотално безредие на крајбрежјето, иако договорите одамна им се истечени – општината Охрид наместо веднаш да ги санкцинира, дури сега поднесе тужби против 4-ца концесионери кои работеле на диво. Најавуваат дека тужби ќе фрчат и за сите кои без концесија ги узурпирале плажите. И не само тоа, општината бара од нив да платат со камата закупнина според цените наведени во старите истечени договори. Но и концесионерите не седат со скрстени раце, веднаш најмија адвокати – ќе се докажуваат на суд.

Сликата не е ништо подобра нити на струшкото крајбрежје,од Регионалната комисија на Унеско кажаа што затекнале на терен.

Во меѓувреме и Антикорупциска ги чешла договорите кои институциите на централно и локално ниво ги склучувале со концесионерите, а се однесуваат на стопанисувањето со крајбрежјето. Испитуваат на кој начин плажите се издавале под концесија.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста