ОЈО се уште не одлучило дали кривично ќе ја гони Нина Цаца Билјановска

Помина безмалку еден месец откако се детектираше дека дикторката на Кожно Нина Цаца Билјановска позитивна на коронавирус одела на работа, но обвинителството  со иста реторика – се уште нема одлука дали ќе ја прифатат кривичната пријава на МВР. Полицијата на 19 март, поднесе кривична до пооранешната директорка Билјановска бара да одговара кривично, бидејќи полицијата утврдила дека таа направила дела против здравјето на луѓето. Од обвинителството за Алфа велат дека на 20 март побарале докази од здравство и МВР, се уште комплетираат документи, па ќе одлучат како понатаму.

„Од нив се бара да приложат – во смисла на тоа кој ден поранешната директорка го држела предавањето, список на лица-учесници на тој семинар, дали и кои од тие лица биле заразени со коронавирусот и да се приложи писмена медицинска документација за инфицираноста, како на поранешната директорка, така и на учесниците на семинарот на кои таа им предавала.“ – се вели во одговорот на ОЈО.

Досега 6 лица од Кожната клиника се позитивни на Ковид 19, а истите според надлежните се поврзани со Цаца Билјановска. Клиниката од пред неколку дена почна со работа, но голем дел од вработените се уште се во самоизолација. Лекарската комора не и ја одзема лиценцата на Билјановска туку јавно ја опомена, а таа беше разрешена од директорската позиција на Клиниката.

Катерина Гетева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста