Најмногу досега: во САД 1.169 починати од коронавирусот во еден ден

Најцрн ден во САД ,починаа 1.169 лица од ковид-19, ова е најголем број мртви досега во една во земја за 24 часа ,откако изби епидемијата, со ова бројот на заразени се искачи на повеќе од 243 илјади.

Во меѓувреме медицинската опрема од Русија стигна на американското толо…станува збор за  60 тони медицинска опрема вклучувајќи респиратори, маски и вентилатори. Трамп овој потег го оцени како многу добар гест, но и призна дека дека руската опрема е од врвен квалитет.

Тоа е многу убав гест на претседателот Владимир Путин. Кажав дека ќе ја прифатам неговата помош. Воопшто не ме загрижува Русија и пропагандата, ниту малку. Прифатив многу медицинска опрема од висок квалитет. Тоа може да спаси многу животи и секогаш би ја прифатил, изјави Доналд Трамп.

Инаку, според прогнозите на светските експерти  лошо сценарио се предвидува за состојбата во САД со корона вирусот. Со тоа што бројот на заразени може да достигне и до 2,2 милиони луѓе.

Во меѓувреме, и понатаму Италија Франција и Шпанија бројат најмногу заразени и починати од корона вирус.

Во Кина потврден 31 нов случај на зараза со коронавирус и четири смртни случаи.  Гугл објави извештаи од 131 држава околу тоа дали се намалиле посетите на продавници, паркови и други места за собирање минатиот месец, откако многу влади наложија да се остане дома со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Германците пак, предупредуваат дека училишната настава од далечина, која е воведена поради ширењето на Ковид-19, не е добра на долгорочен план. Зачудувачки за Шпанија, градот Захара де ла Сиера е изолиран од светот и нема ниту еден случај на заразен со коронавирус. Јапонците бараат прогласување вонредна состојба поради пандемијата на Ковид-19, а премиерот Шинѕо Абе одбива да го направи тоа.

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани над еден милион лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 53.251, а оздравеле 213.218 луѓе.

Ања Василева

Advertisements

Поврзани вести