Одбраната бара предметот за 27 април да се рагледува во Хаг, не во Кривичен

Одложена седницата за оценка на обвинителниот акт за- според обвинителството – организаторите за настаните на 27 април. Според ОЈО тоа се екс-премиерот Груевски, поранешниот претседател на собранието и пратеник  Вељановски, екс-министрите за транспорт и врски Јанакиевски, и за труд и социјална политика Ристовски, поранешниот директор на УБК Атанасовски и заменикот началник во 5-тата управа Бошковски.

Сега одбраната бара овој предмет да не го води Кривичниот суд туку да се даде во рацете на судот во Хаг, оти се сомневаат дека во Кривичен  судењето ќе биде пристрасно.

Со оглед дека веќе постојат три пресуди од држави членки на ЕУ. поврзани со овој кривично-правен настан дека нашите судови се пристрасни и дека не можат да испорачаат правда, сметаме дека едниствен начин на кој можеме да ја видиме правдата и вистината за 27 април е преку меѓународниот кривичен суд , истакна адвокатот на Атанасовски, Јордан Апостолски.

Апостолски вели дека бараат изземање и на судијката Оља Ристова кој е член на судечкиот совет. Образложението е дека Ристова имала веќе пресудила за друг случај од 27-ми април, по што неколкумина завршија в затвор.  Според одбраната ова значи дека Ристова веќе има формирано мислење за овој случај и според закон и судска етика не треба да работи ништо поврзано со 27-ми април. Апостолски бара изземање и на судијата Марин Станевски, заради истите причини. Дотолку повеќе што Станевски и самиот барал да го изземат, но судот го одбил барањето.

Судијка веќе одлучувала за истиот кривично правен настан и сметеме дека со тоа веќе има завземено определено мислење, вели адвокатот.

Апостолски ја даде изјавата за Алфа пред да почне рочиштето. Во меѓувреме судот пресече. Ристова нема да се изземе. Инаку реакциите на одбраната следат особено по гестот на Ристова на социјалните мрежи на извесна вест за апсењето на Атанасовски. Судиката ставила „лајк“ на објавата. За адвокатите ова е и повеќе од доволен знак за пристрасност, па ќе се жалат на одлуката на судот.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста