Невозможно е да се договорат МПЦ и СПЦ, може ли Вартоломеј да пресече?

Невозможно е до решение на спорот меѓу МПЦ и СПЦ, да дојде преку договор, е ставот на познавачите на состојбите, по пораката на вселенскиот патријарх Вартоломеј, дека ќе се заложи за помирување меѓу двете православни цркви. Новинарот Бранко Ѓорѓевски за Алфа вели дека е скептик дека воопшто ќе дојде до средба меѓу МПЦ и СПЦ, но и доколку би дошло – вели ништо не би се променило.

-Српската православна црква има категоричен став дека не можеме да добиеме ништо повеќе од автономија, а што за нас е неприфатливо. Јас верувам дека на таа средба нема да се слушне ништо ново, ниту дека ќе помогне да се дојде до некаков компромис. Средбата би била повторување на истите ставови и затоа сум скептик дека СПЦ ќе отиде таму, вели Ѓорѓевски за Алфа.

Пораката на Вартоломеј остро ја осуди Руската православна црква, велат вселенскиот патријарх решил да и забие нож во грб на СПЦ. Портпаролот на Московската патријаршија Владимир Лејгода, вели религијата почнала да се користи во функција на политичките елити.

-Цагриград има намера да легализира уште еден раскол. Патријархот Вартоломеј ја поддржа жалбената потапка на Македонската православна црвка. Очигледно одлучи да се стави во функција на политичките елити кои ја користат религијата во своите игри. Тоа во суштина е забивање на нож во грб на СПЦ, на која веќе и се заканува прогон во Црна Гора, порача Лејгода.

Во православниот свет познато е дека постои големо нетрпение меѓу Руската црква и вселенската патријаршија. Според Ѓорѓевски ваквиот потег од руска страна преставува еден вид притисок за СПЦ конечно да одлучи на која страна ќе биде, дали со Вартоломеј или со Руската патријаршија.

-Ова е потсетување на СПЦ дека треба да ја определи страната, да се стави на страната на Москва. Каков ќе биде понатамошен расплет на настаните ќе се види. Меѓутоа, факт е дека се случуваат групирања во православието, изјави Ѓорѓевски.

А во врска со спорот меѓу македонската и српската црква, според Ѓорѓевски единствена отворена опција останува Вселенската патријархија да се стави во улога на повисок суд и да донесе одлука за признавање на МПЦ, без договор меѓу двете страни.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста