Неколку пријави за нерегуларности: На бензинска во Василево се делеле ваучери за гориво за глас

Релативно мирно барем засега минува изборниот ден на предвремените парламентарни избори. Министерството за внатрешни работи до 12 часот регистрира само едно нарушување на јавниот ред и мир во текот на изборниот процес, во скопски Карпош.

-Во избирачко место  во ОУ „Петар Поп Арсов“ во Скопје В. Ш. (47) го нарушил јавниот ред и мир со тоа што започнал расправија со претставници на избирачкиот одбор и во еден момент ја потегнал за чантата претставничката на избирачкиот одбор и со неговиот мобилен телефон ја фотографирал просторијата. Лицето е лишено од слобода, за што е известен дежурен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство од Скопје, изјави Ангеловски.

МВР регистрира уште неколку пријави за нарушување на јавниот ред и мир во Скопје, Крива Паланка, Радовиш, село Сирково и село Брвеница. Пријавите се за испишани графити во врска со изборите, за агитирање на гласачи, организиран превоз на гласачи до избирачките места, нудење пари за глас, упатување закани да се гласа за политичка партија,

Неколку известувања за сторени кривични дела против изборите и гласањето до 13 часот се пристигнати и во јавните обвинителства. Меѓу нив и за лице кое на бензинска станица во село Василево, нудел ваучери за гориво за да се гласа за определена политичка партија, како и нудење пари за истата цел.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста