Mонструмот дадилка занаетот го учела во Дубаи?!
Дадилката монструм што тепаше двегодишно дете во игротека, занаетот го калела во Дубаи. Таа била и шефица, па координирала неколку дадилки што се грижеле за околу дваесетина деца на шеик од Дубаи. На мајката чии детенце речиси го трескаше од земја, дадилката постојано и раскажувала за искуството што го стекнала чувајќи ги децата на шеикот.
Мајката се охрабри да говори пред камера, па вели дека дадилката ги малтретирала сите три деца, ама претходно, немала докази за тоа, само слепо и верувала, која ја сметала за пријателка.
Од Агенцијата „Дејкер“ решија да се бранат со молк.
Освен од Агенцијата, детали за скандалозиот случај не сака да даде ниту министерката Царовска. На прашање на Алфа, што покажува инспекцискиот надзор, вели оти сите информации ги даваат само на истражните органи.
Но јавноста секако има право, час поскоро да дознае, дали во оваа агенција, но и во останатите што посредуваат при вработување на дадилки и негувателки, се работи согласно законите. Засега останува неодговорено прашањето, како по овој случај, родители што сакаат да ангажираат дадилка можат сериозно да ги сфаќаат гаранциите што ги даваат агенциите.
Сања Трајковска Ставров