Милошоски: На 11ти ноември во Бугарија Заев и Борисов ќе се договорат за Гоце

Пратеникот Милошоски на својата фејсбук страница објави статус во кој се повикува на дипломатски избори од МНР кои велат дека последнито предлог на Софија на 11 ноември во однос на Гоце Делчев би бил:”Гоце Делчев е Македонец во регионална смисла на зборот, но во смисла на народно-етничката припадност Гоце Делчев е Бугарин роден во географската област Македонија”.

Во продолжение неговиот статус:

Дипломатски извори во МНР споделуваат дека последниот предлог на официјална Софија е дека премиерите Заев и Борисов за време на предвидената средба на 11ти ноември во Бугарија би требало да се согласат на следнава дефиниција за Гоце:”Гоце Делчев е Македонец во регионална смисла на зборот, но во смисла на народно-етничката припадност Гоце Делчев е Бугарин роден во географската област Македонија”. (Оваа дефиниција потоа би се применила и на многу други историски личности, како Даме Груев, Никола Карев, Ѓорче Петров, Панко Брашнаров, Киро Глигоров и други). Веројатно ова е една од причините зошто Заев одбива и собраниска и политичка-лидерска дебата околу националните позиции на Македонија во однос на договорот за добрососедство со Бугарија, пред закажаната посета на Софија.

https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/posts/3757285897624182
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста