Заев одбива лидерска за заеднички став за отворените прашања со Бугарија
Заев не прифаќа лидерска средба за отворените прашања со Бугарија. Откако Мицкоски вчера повика најрелевантните политички партии да изградат заеднички став за клучните теми поврзани со источниот сосед, премиерот за Алфа вели дека не гледа потреба од средеба, особено не со Мицкоски.
“Не гледам потреба од лидерска средба. Особено со човек кој нема став за ниту едно важно, национално или стратешко прашање”, вели премиерот.
Македонскиот јазик, идентитет и посебност се меѓународно признаени од целиот свет. Истакнува дека Договорот за добрососедство е потпишан и на македонски јазик. Темите кои произлегуваат од договорот да се решаваат преку работата на комисиите надлежни за овие прашања, вели премиерот во одгворот за Алфа околу тоа на кој начин ќе продолжи дијалогот со Софија.
“Со нашиот сосед, Бугарија, имаме Договор за соработка и добрососедство, кој патем е потпишан и на македонски јазик. Очекуваме во духот на овој Договор, да продолжиме заеднички да ги градиме односите. За темите кои произлегуваат од Договорот изразуваме волја да ги решаваме преку работата на комисиите кои имаат надлежност за тоа. Мицкоски не е за договор на било која тема, тој бара начин само како да наштети на државата, особено на процесите кои не водат кон ЕУ”, вели премиерот
Опозицијата и денеска со став дека владата треба да приати лидерска средба. Според ВМРО-ДПМНЕ министериот за надворешни работи и вицепремиерот за евроинтеграции се фокусираат на македонскиот јазик,а идентитетот и историјата не се споменуваат.
И Заев, но и Димитров не ја исклучија варијантата во Декември да не се случи меѓувладината конференција на Македонија и ЕУ. Премиерот дури истакна дека граѓаните треба и за тоа да бидат подготвени. Следниот меесц треба да се одржи средба Заев-Борисов.
Градимир Марковски