Mицотакис во среда ќе се сретне со Заев – грчкиот премиер зборува за неисполнети обврски од Преспанскиот договор

Премиерот Зоран Заев, во среда ќе одржи средба со грчкиот премиер  Мицотакис. Заев ќе учествувал на дводневната конференција, а за вториот ден била закажана и панел дискусија посветена на Западен Балкан. Средбата ја потврди и грчкиот премиер:

Зоран Заев, за три дена ќе биде во Атина во рамките на конференцијата на „Економист“, каде што ќе биде и премиерот на Албанија и ќе се сретнам и со двајцата бидејќи постојат прашања за дискусија – изјавил премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис.

Мицотакис најавува дека пред Заев ќе ги отвори и проблематичните точки од Преспанскиот Договор. Грција вели тој го исполнила своето, но не и македонската страна  

Континуирано ја изразувавме нашата резервираност, но исто така имавме кажано дека Грција е земја на владеењето на правото и ги почитува меѓународните ратификувани договори. Ова прашање е затворено, но она што не е затворено е еден, според нас, проблематичен договор. И штом сме резервирани или постојат прашања за кои треба да се разговара, очигледно дека ќе разговараме со Заев или кој и да е премиер од Македонија – изјавил Мицотакис.

За кое конкретно прашање станува збор, Мицотакис не наведува. Но она што е интересно е што средбата се случува непосртедфно откако грчките медиуми објавија дека македонската страна се откажала од правото на користење на термините „Античка“ и „Егејска“ Македонија. Ова пак, го демантираше претседателот на македонската експертска комисија, Виктор Габер – според него се уште не биле утврдени заклучоци од средбите и препораки до властите.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста