Мицевски: Знаејќи со какво мнозинство имаме работа, ние сме претпазливи околу моделот за он-лајн седници

„Ние првиот обид за промовирање на он-лајн седниците на Собранието го разбравме од медиумите, не како пратеничка група, не како координатор на пратеничка група. Треба да продискутираме за можностите во одредени исклучителни случаеви кога би можело да се употреби оваа алатка он – лајн гласањето. Во услови во кое што владејачкото мнозинство нема доволен број на пратеници, во услови кога владејачкото мнозинство се уште лицитира за одредени функции, заменици министри, раководни позиции во државни институции да се имплементира он – лајн гласање и да се разговара на таа тема е несериозно, пред се поради тоа што немаме видено ниту еден пример, односно ниту еден модел според кој би можеле да работиме во наредниот период “, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски при своето гостување во дневникот на телевизија Сител.

Мицевски додаде дека е потребно да се разгледа компаративната анализа од регионот и земјите кои што веќе го имаат имплементирано тој начин на работа, меѓутоа тука има и друг фактор, а тоа е дека јавноста и опозицијата е сведок дека во предизборниот период Владата вонредната состојба ја искористи за донесување на Изборниот законик, и за еден вид легален поткуп на граѓаните со повеќе од милијарда евра, во која што немаше никакво учество и увид самата опозиција.

„Знаејќи со какво мнозинство имаме работа ние сме претпазливи, пред се и во давањето на изјавите во тоа и во разговарањето за моделите кои што би можеле да се применат и во кои случаеви би можеле да се применат одредени такви модели“, појасни Мицевски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста