Метеж и редици пред маркетите – граѓаните се подготвуваат за Велигденските празници

Месо, јајца, риба, пијалок, основни прехрамбени производи, но и препарати за дезинфекција – граѓаните се подготвуваа за најдолгиот полициски час во историјата на македонија, кој започнува од утре и ќе трае до втроник. Во исто време, овој полициски час го опфаќа и најголемиот христијнаски празник велигден.
Камерата на Алфа денеска во главниот град забележа поголема раздвиженост по маркетите и пазарите.

Оваа година за прв пат, Велигден луѓето ќе го дочекаат дома. Иако до сабота вечер се пости, главно на велигденската трпеза е јагнешко и друг вид на месо. Луѓето ги купуваат најпотребните работи со цел да го одбележат празникот, а најтешко им е на пензионерите кои имаат најограничено движење и тоа од само два часа во текот на денот.

Најголем дел од граѓаните се придржуваат до мерките и трпеливо чекаат во преголемите редици пред маркетите. Но за време на најдолгиот карантински продолжен викенд, кој ќе трае цели 85 часа, остануваат и погодностите од изминатиот викенд. Секоја општина има веќе објавено броеви каде луѓето кои не стигнале да испазарат можат телефонски и онлајн да извршат нарачка од маркетите, но и рестораните и другите продавници за храна.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста