Семејството на починатиот од Лабуништа објави видео запис од скандалозната голгота пред болницата во Охрид

Ова е жив срам, еве еден час чекаме со пациент тука,ете истото се случува што се случуваше пред недела дена.Иститот случај, еве комбето е тука на докторот малку му е еден час за еден извештај да даде..”

Оваа аматерска снимка потекнува од семејството на пациентот од Лабуништа кој како што веќе информиравме, пред една недела со сомнителни знаци на коронавирус беше донесен но не беше примен на инфективното одделение во охридската општа болница. На аматерската видео снимка се слушаат караници во една тензична ситуација, додека пациент лежи во возилото на итната медицинска помош. 59 годишниот пациент потоа беше пренесен на Инфективната клиника во Скопје, каде што вчера и почина. Тоа ги натера членовите на неговото семејство да ја објават оваа видео снимка,бидејќи како што велат никој не е имун на болеста, сите сме луѓе од крв и месо и сите заслужуваме подеднаков третман, без оглед од каква средина доаѓаме.

Алфа професионално и тогаш кога ја објави оваа сторија го пренесе ставот на охридската општа болница.Од таму тврдат дека пациентот бил прегледан од инфектолог кој влегов во болничкото комбе.Бидејќи бил со јасни знаци на коронавирус, соодветно бил третиран и испратен на инфективната клиника во Скопје.

И ова не е единствен случај, во Лабуништа до сега има 19 заболени лица и дури 7 смртни случаи-сите починаа на инфективната клината во Скопје. Ова го отвора прашање, зошто е олку голема смртноста на заболените пациенти од Лабуништа?

“Од првичните анализи познавајаќи го овај регион и менталитетот на луѓето,цело размислување наведува на тоа дека луѓето најпрвин не се свесни за сериозноста на оваа болест,друго менатилитетот е таков да ги кријат симптомите, не го кажуваат.Кога ќе дојде веќе касно за да се интервенира, за да се направи медицинска интервенција тогаш веќе не може да се врати здравјето назад и доаѓа до вакви фатални исходи.” – вели Сашо Точко – директор на Центар за јавно здравје.

При влез во нашата држава и на аеродромите и на граничните премини сите патници кои доаѓале во Лабуништа биле уредно прегледувани и евидентирани од страна на епидемиолошите служби,но дали лабуништани ја почитуваат изолацијата?

“Дел од нив зависно во кој период доаѓаа потпишуваа соодветни изјави за самоилација, колку тоа го почитуваа според оние наши анализи што ги имавме ние постојано, нашите епидемиолошки служби беа во контакт со ниц и разговараа преку ден но ќе се јавите и на фиксен телефон за да знаете дека се дома ,како понатака ќесе движи човекот и каде ќе оди, зависи од свесноста и одговорноста.” –изјави Сашо Точко- директор на Центар за јавно здравје.

Коронавирусот во Лабуништа првично се појави кај семејство во кое заболеа 4 сестри и една внука. Епидемиолозите ја следат состојбата во Лабуништа каде живеат околу 10.000 жители.

 

Росица Голабоска

 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста