Македонија петта година е во групата земји со транзициски хибридни режими, потребно е многу работа за подобрување

Петта година по ред, Македонија и натаму останува хибриден режим во транзиција, се констатира, во новиот извештај на „Фридом Хаус“. Извештајот покажува дека во целиот регион, е забележан пад на демократијата, а бројот на држави, кои се оценети како демократски, не бил помал, од 1995-та година.

Познавачите на состојбите коментираат дека застојот се должел на големиот број на корупција, каде Македонија пливала во неблагодарни дејствија. За работите да мрднат од мртва точка, велат дека треба да се променат огромен број на работи, кои периодов тешко се придвижуваат.

– За да се мрднат работите кон подобро, потребна е огромна инвестиција во македонските стандарди. Сега прашање е колку може да се вложи во тоа и колку време е потребно, прилично многу долг период, рече за Алфа, Миша Поповиќ, од демократскиот институт.

Категоријата на држави со транзициски хибридни режими значи дека во Македонија се кревки демократските институции и постојат значителни предизвици кои се однесуваат на политичките права и граѓанските слободи.

– Од 2015 година заради скандалот со прислушување паѓаме со голем број поени назад, и тешко е да се излезе од таму. Начинот на кој што работи оваа категоризација е дека треба да се сменат огромен број на работи за да се мрдне кон подобро. Огромен број на поени се изгубија ради прислушувањето и масовната корупција која ја тресеше земјава изминатиот период. За да се откријат тие коруптивни дејства, треба време и многу работа, додава Поповиќ.

Според документот, Косово и Македонија, се единствените земји во регионот, кои оствариле мал напредок, во однос на минатогодишниот извештај. Напредокот на Македонија изнесува 1%, но земјава, и понатаму припаѓаат во категоријата – хибридни режими.

Во истата категорија, се и Албанија и Босна и Херцеговина, додека Хрватска е единствената држава од регионот која се смета за делумно консолидирана демократија.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста