Здравствените власти признаа пропуст, но не и вина

Деветнаесет годишното момче од Кичево кое повеќе од два месеци се влечеше по болници каде лекарите од Кичево,Охрид и Скопје го лекуваа без точно утврдена дијагноза,сепак не било заболено од коронавирус, иако во Институтот за јавно здравје се водеше како дијагностициран случај на Ковид 19.Случајот со младото момче кое помина низ кошмар соочено со презир од сограѓаните, министерството за здравство го сведе на статистичка грешка.Здравствените власти признаа пропуст,но не и вина.

Негововите најбиски кои цело време тврдеа дека момчето било 4 пати тестирано на коронавирус и оти сите резултати биле негативни,најавуваат дека ќе бараат одговорност за голготата .

  • Јас од ова не се откажувам,пациент позитивен на тест и за 23 часа да покаже негативен, јас не можам да верувам во здравството.Од 12-ти ако сме се движеле ние со пациент позитивен на коронавирус,значи пола од градот Кичево требаше да биде затворен и ставен во изолација затоа што ние, јас мојот внук и мојата фамилија шетавме слободно Спасе Дамјаноски .

Од 17-ти фебруар момчето е лекувано од грип,но бидејќи неговата здравствена состојба се влошила лекарска помош побарал и на интерното одделени во кичевската болница.Поради специфичната клиничка слика,со знаци на пневмонија, на 6-ти април било префрлено на инфективното одделение во охридската општа болница,каде во рок од 24 часа било два пати тестирано на коронавирус.По негативните наоди охридските доктори дале упат лекувањето да ги продолжи во болницата во Кичево,но таму одбиле да го хоспитализираат.

  • Нас ни е наредено момчето да го донесеме во станот каде што живеат таткото, мајката, двајца браќа,снаата и девојчето помало. Не е примен на 12-ти во општа болница Кичево, туку во еден обичен контејнер му е дадена инфуција во 21 ча навечер.Значи што видов на 12-ти и што се случуваше во Кичево со нас како фамилија јас не верувам во здравствениот систем фактички во општата болница во Кичево- вели  Спасе Дамјаноски.

На крајот момчето заврши во скопската болница ‘’8-ми Септември”и додека лекарите две недели го лекуваа од белодробно заболување,неговото семејство помина 14 дена во домашна изолација бидејќи како што стои во решението на Државниот санитарен и здравствен инспекторат,биле во контакт со лабараториски докажано заболено лице од Ковид 19, што се покажа како неточно.

Росица Голабовска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста