Македонија е се позависна од увоз – тоа ја кочи целата економија
Слабата заработка поради погрешните мерки и политики ги брка земјоделците од нивите. Само 20 проценти од храната и суровините во преработувачката индустрија се произведуваат дома, а за 80 отсто сме увозно – зависни. Една од причините зашто Македонија е закотвена на дното во регионот по раст на БДП и според проекциите на ММФ и според Светска Банка е тоа што премногу се потпираме на увозот. Бизнисот алармира дека државата од извозник стана увозно зависна држава и затоа се неопходни конзистенти мерки.
Се наоѓаме во фантастична тешка состојба, односно 80 проценти од храната и суровините кои учествуваат во индустријата се увезуваат, а само 20 проценти ги произведуваме сами , тоа е исклулчително тежок момент и тоа покажува дека не се преземани квалитетни и конзистенти мерки во насока на тоа, вели Горан Георгиевски од ССК
Забелешките од Светска банка беа дека во време кога се намалени цените на нафтата и на храната треба да се бараат мерки за да се зголеми земјоделството оти Македонија има предност во смисла на достапност на земјиште.
Според Георгиевски за да се стимулира домашното производство треба да се преземат чекори за субвенциите да стигнат на вистинска адреса.
Бидејќи имате ситуација каде се доделуваат субвенции секоја година во самото земјоделие кои треба да резултираат со промена да расте производството, а ние имаме ситуација да доделуваме субвенции, а да се намалува производството, вели Георгиевски.
Инаку Растот на БДП во 2023 беше само 1 отсто. Проекцијата на ММФ за годинава е дека растот ќе биде 2,7 отсто, а Светска Банка 2,5 отсо. Двете институции проектираат инфлација од 3-4 % и предупредуваат дека дефицитот е на рекордно високо ниво.