Mицкоски: 120 милиони евра легнаа на сметката на „Бехтел и Енка“, а работите не се почнати

Првата исплата кон „ Бехтел и Енка“ е направена пред два дена . Иако не е фрлена ниту една лопата , од државната каса  веќе биле префрлени  120 милиони евра  на ЈПДП „ Државни патишта“ за да бидат исплатени кон изведувачот обелодени претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.  Ова е речиси 40 милиони повеќе од владините најави дека првиот аванс ќе биде нешто над 80 милиони

Коридорите, веќе не чинат милиоски суми поради пеналите, обелоденува претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски .  Над 300 милиони евра ќе треба да се платат зашто не се донесени законските измени во собрание за продолжување на работната недела од 40 на 60 часа неделно .

Продолжување на работната недела од 40 на 60 работни часа, точно се 301.495.000 евр, триста и еден милион четиристотини девеесет и пет илјади евра.Околу 173 милиони евра се обврски кои што ги превзела државата врз основа на самиот договор како авансно плаќање, како трошоци за подготовка на градилиште и трошоци за подготвителни работи, вклучително и менаџирање на на самиот проект. Тоа се околу 173 милиони евра, а останатите се пенали поради тоа што во рок од 45 дена од потпишување на договорот не е променет Законот за работни односи, односно работната недела не е продолжена од 40 на 60 работни саати, рече Христијан Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ .

Потврда дека е направена првата исплата стигна и од првиот човек на Владата, и од директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми .  Ковачевски трврди дека од сумата договорена со Бехтел и Енка нема ниту денар за пенали . директорот на ЈПДП пак Ејуп Рустеми прашан зошто 120 милиони наместо 80 , рече дека не ги знаел бројките на памет

„Во согласност со Законот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10 д и во согласност со потпишаниот договор врз основа на тој закон, Владата го задолжи Министерството за транспорт и врски да ги почне сите потребни процедури за почеток на активностите за проектирање и ангажирање на сите потребни ресурси потребни за почнување на работите и секако за правење на трансакциите на финансиските средства, кои се во согласност со договорот за отпочнување на работите. Не постојат пенали, вели Ковачевски.

Вредноста на целиот договор за изградба на коридорите 8 и 10 д според првите најави треба да чини 1.3 милијарди евра , со оглед на тоа дека нема проект и траса, многу е веројатно дека оваа сума ќе биде надмината . Стартот на изградбата на коридор 8 требаше да биде на 22 април, но тоа се случи само на хартија. Првата лопата на  10 д  треба да биде удрена на 12 мај.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста