Кој го штити „Сокол“?! Обвинителството нема постапка

Кандидат за пратеник на опозицијата нападнат од советник во Вадата. Носителот на листа во 5 И.Е. Игор Дурловски, вчера сред бел ден бил вербално нападнат од советникот на Заев, Филип Андов познат низ чаршијата како Сокол. Инцидентот се случил додека Дурловски со својот автомобил возел низ центарот на градот, кога бил пресретнат од Андов кој со недолични зборови во повеќе наврати му се заканувал, а се обидел и да му го пресече патот. За настанот Дурловски информираше преку Фејсбук.

„Сакам јавно да го прашам г-динот Заев, дали му е навика, со вакви, насилни методи на заканување, да ги злоупотребува неговите советници, за заплашување на опозициските кандидати во изборниот процес? Или, можеби, неговите советници, кои земаат државна плата од Владата, му се целосно вон контрола?“, пиша Дурловски.

Инцидентот бил пријавен во МВР, а Дурловски најави дека за ова ќе ја запознае и меѓународната заедница.

Од Јавното обвинителство за Алфа велат оти кај нив не било пристигнато известување, ниту кривична пријава за настанот.

Ова не е прв пат советникот на Заев да покажува „мускули“ пред опозициски функционери. И лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски утрово преку Фејсбук објави оти и тој лично бил мета на Андов пред две години, но тогаш советникот на Заев откако тргнал физички да се пресметува со Јакимовски, се пишманил па се повлекол.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста