Каде исчезнува водата за градот под Шара – властите без одговори, граѓаните гневни и разочарани

“Чиста вода е едно од основни човекови права! Ние вчера и денеска, а и многу пати предходно сме 12 часа без вода.Во време на пандемија раце не можеш да измиеш.Син ми утре нема да оди во градинка, затоа што нема со што да го избањам.”  Ова е само еден од бројните коментари на социјалните мрежи-тетовци се гневни и разочарани,што со месеци градот никако да добие нормално водоснабдување.Во ова време кога и тоа како треба хигиена, ова е недозволиво, велат револтирано граѓаните.

Реагираат и еколошките здруженија.Бараат итна ревизија на изградбата на новиот водовод,но, и што поскора реконструкција на стариот.Бараат одговориност ,но и објаснување, каде исчезнува водата од Шара,и зошто и со два водвода, Тетово е со суви чешми.Откако не добија одговор од премиерот Заев,екологистите ќе бараат помош и од претседателот Пендаровски-проблемот да се решава на национално ниво.

“Веќе треба сериозно да се направат ревизии и инспекциски надзори, на терен, да се види и утврди што точно се случува.Да се види колку изградбата на малите хидроцентрали има влијание на ова.Сите оправдувања, се веќе смешни.Тетово е град под Шара , а нема вода во 21 век-со овој проблем не се соочува никој друг град во Македонија.” – вели Нгадњим Мемети – “Еко герила”.

Минатиот месец, Тетово два пати беше со десетдневни рестрикции,поради оштетени цефки на новиот водовод на Лешница.Па следуваа бројни други дефекти низ градот.Кои се сега причините што нема доволно вода,не добивме одговор.Прашавме и во општината и во комуналното.Ни рекоа да почекаме да се договореле, кој ќе зборува.Едни со други се координираа,но,се чини не се договорија.Останавме без точни информации и одговор на многу прашања.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста