Владата конечно ги објави имињата на „тајните хонорарци“, Сарачини зема 42.000, Узунов 53.000 денари

Еден од најжестоките „шарени револуционери“ Петрит Сарачини, Владата со државни пари месечно го плаќа 42 000 денари за да врши „акумулирање, средување и анализа на информации и податоци за изготвување извештај со елаборирање и презентација за координација на медиумски мониторинг“ . Оваа работна позија опишана со дури десет зборови сепак не објаснува за што конкретно големиот поддржувач на политиките на СДСМ Сарачини е платен, иако ваква или слична функција вршат уште неколку лица кои според списоците  земаат за околу 200 евра плата помалку од него. Под притисок на јавноста, Владата конечно ги објави имињата 55 на хонорарци со авторски договор за 2021 година.  Најниска е сумата за знаковниот толкувач – 14.500 денари, а највисока за претседател на ИКТ совет, дури 60 илјади денари. На листата хонорарци е и професорот Ванчо Узунов кој месечно добива по 53 илјади денари за “активности поврзани со регионалната економска интеграција на Македонија”. Хонорарно се вработени и преведувачи, сервисери на компјутери, монтажери, организатори. Од Владата велат дека се работи за стручни лица кои се потребни на институциите.

Точно се знае за што Владата ангажира физички лица надвор од редот на вработените, за кој временски период, за колкав финансиски надомест. Тие ангажмани се строго професионални и се реализираат во целост – информираат од Владата.

Државната комисија за спречување корупција пред три дена отвори случај во врска со владините хонорарци, чии имиња до денеска се чуваа во тајност. Претседателката на антикорупциска во изјава за алфа препорача и  Државниот завод за ревизија секоја година да прави финансиска ревизија на работата на Владата.

Адријана Алексиеска

Advertisements

Поврзани вести