Јуниорите се „прошетаа“ на турнирот во Шумен

Машката јуниорска репрезентација минатиот викенд учествуваше на пријателски турнир во Шумен, Бугарија во кој се покажааа во одлично светло. Тони Симиќ беше предводник на кошаркарите до 18 години кои без пораз го освоија турнирот.

На првиот натпревар, јуниорите запишаа триумф од 89-69 против кошаркарскиот клуб Оканик од соседна Србија, а во финалето против Бугарија славеја со 88-74.

Најистакнат поединец во нашата репрезентација беше Андреј Андоноски кој во финалниот натпревар постигна импресивни 41 поен. Овие бројки на Андоноски му ја донесоја наградата за најкорисен играч на турнирот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста