Има ли ново жариште на Ковид-19 на клиниките за неврохирургија и дигестивната клиника?

Паника во семејството на пациентката од Струмица која почина пред околу една недела како последица  од Корона вирус на инфективната клиника. Имено, и после целиот овој период останува опасната дилема каде се заразила жената?Семејството за сега нема симптоми, но неизвесноста останува.

Сега починатата првично била сместена на клиниката за неврохирургија, на 18 мај, по што, поради други компликации била префрлена на Клиниката за дигестивна хирургија. Тука и се појавиле првите симптоми на Ковид 19, па откако тестот излегол позитивен веднаш била хоспитализирана на инфективната клиника. Ситуацијата брзо и се искомплицирала, и била ставена на респираторна машина, по што и ја загубила битката.

Стравот е уште поголем оти до денеска одговор нема од каде се заболела. Сите опции се отворени: дали била заразена пред да биде донесена воопшто, што според семејството е тешко возможно оти непосредно со нејзиниот случај само еден имаше официјално регистрирано во Струмица позитивен и тоа на 20 мај. Со други зборови два дена откако таа е донесена во клиниката. Шансите да влегла заболена според семејството се минимални.

Дали се заразила на неврохирургија или на дигестивната клиника останува дилема, но ако е така значи дека пациентите и медицинскиот персонал се или веќе заболени или во опасност да бидат…

За сега состојбата на клиниката за неврохиругија е мирна, барем според директорот:

Пациентката беше примена на нашата клиника со дијагноза на тумор во мозокот. Првично без зннаци и симптоми за респираторна инфекција. Во тек на хоспитализацијата разви перфорација на улкус, по што беше итно оперирана на Клиниката за дигестивна хирургија. Постоперативно по неколку дена се јавија знаци за респираторна инфекција, поставена беше на машина, истовремено земен тест за Ковид 19 и преместена во одделот за изолација, каде за жал почина вели Др. Владимир Рендевски – директор на  Клиника за неврохирургија .

Надлежните смируваат, велат дека по сите епидемиолошки анкети и анализи, дел од медицинскиот персонал кој бил во било каков контакт со починатата, како и при транспортот од едно до друго одделение-  е во самоизолација и немало простор за паника. Но останува стравот кај семејството и соседите.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста