Граѓаните нервозни: Филипче излажа дека сите граѓани над 40 години што се пријавиле, добиле вакцина

Ветувањата на министерот Филипче дека сите постари од 40 години ќе добијат или веќе имаат добиено термин за вакцинација ги налути граѓаните.На социјалните мрежи жестоко реагираат за како што велат- празните ветувања на министерот.Очајно прашуваат до кога ќе чекаат да добијат вакцина?

Јас се регистрирав во Февруари добив и маил за потврда но немам термин за вакцинација а сум 54 годишна. Значи или ве лажат или вие не лажете нас.

“Не е точно дека сите добиле термин. Еве јас не сум добила, а се регистрирав уште во Февруари, на вториот ден од отворањето на сајтот.Што е најтрагично нема ни каде да пријавиш нерегуларности.Повели министе демантирај ме.”

Пола вработени од државни институции немаат добиено термин за вакцинација над 40 години.

“Во Битола ние сме над 65 год уште не сме повикани а пријавени сме пред 30-ти април. Гледајте само за скопјани.” – ова се само дел од коментарите на фејсбук постот на министерот Венко Филипче.

Министерот изминатата недела неколку пати излезе со различни изјави и ги збуни граѓаните.

“Решивме да се стави приоритет на тие што се пријавиле и затоа се направи пресек на 30 април – сите граѓани коишто се пријавени на сајтот vakcinacija.mk, а тоа се невакцинирани близу 160 илјади, во период од две недели, значи некаде до 15 мај ќе добијат термин за вакцинација преку СМС порака или меил со точно време и пункт каде треба да се јават.” изјави Филипче пред осум дена во интервју за РСЕ.

“Возрасната граница се спушта според бројот на пријавени, некаде се спушта и до 40 години во некои градови каде нема доволно пријавени постари граѓани. Бројката на вакцинирани над 70 години е негде околу 33 проценти. Сега ќе запреме со повикувањето на 40 или 45-годишни, за да од дополнителната бројка на 130 илјади кои аплицирале, ги повикаме постарите од 70 години, бидејќи тоа е ризичната група која сакаме да ја заштитиме“, рече Филипче.

„Радува тоа што имаме дополнителни пријави за вакцинација на граѓани над 70 години. Тие се ризичната група и мора да ги вакцинираме што поскоро, а младите што се пријавени, ќе мора да причекаат“, истакна министерот пред три дена.

На официјалниот сајт за вакцинација бројчаникот вели дека досега за имунизација преијавени се околу 353.500 граѓани.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста