Европарламентарците бараат независна истрага за изборите во Србија

Европарламентарците бараат независна истрага за изборите во Србија

Членовите на Социјалдемократскиот клуб во Парламентот на ЕУ повикуваат на независна истрага за сите пријавени нерегуларности на изборите во Србија и истовремено изразуваат целосна поддршка за народот на Србија кој бара правда, демократија и европска иднина, се вели во нивното соопштение.

Социјалдемократите, втората по големина група во Парламентот на Европската унија, изјавија дека изборите му донесоа нова победа на претседателот Вучиќ и неговата СНС, но дека веродостојните извештаи за изборна измама и наводите за невидено насилство предизвикуваат сериозна загриженост.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста