РИК ги отфрли сите приговори за изборите во Србија

РИК ги отфрли сите приговори за изборите во Србија

Републичката изборна комисија на Србија ги отфрли сите приговори поднесени до тоа тело во врска со спроведувањето на изборите на 17 декември.

Според претседателот на РИК Владимир Димитријевиќ, сите претставки се идентични, а се однесуваат на непостапување на РИК во бројни процеси, што, како што наведуваат подносителите на приговорите, придонело за загрозување на изборниот процес и го направило нелегитимен. Во приговорите се наведува и дека РИК постапила спротивно на уставното писмо во кое се вели дека Косово е составен дел на Србија.

Констатирано е и дека РИК не го санкционирала однесувањето на претседателот на Републиката и не направила ништо во однос на појавата на фантомски гласачи и купување гласови.

Подносителите на претставката побараа изборниот процес да се поништи во целост, бидејќи сметаат дека во спротивно новото свикување на Собранието ќе биде нелегитимно.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста