ЕУ го осуди нападот во Москва: Нашите мисли се со сите засегнати руски граѓани

ЕУ го осуди нападот во Москва: Нашите мисли се со сите засегнати руски граѓани

Европската Унија е шокирана и згрозена од извештаите за терористичкиот напад во Крокус Сити Хол во Москва, напиша на Х портпаролот за надворешни работи на Унијата Петер Стано на Твитер.

– ЕУ ги осудува сите напади врз цивили. Нашите мисли се со сите засегнати руски граѓани, додаде тој.

Најмалку 40 лица се убиени и 100 се повредени кога неидентификувани маскирани вооружени лица отворија оган во концертна сала во Крокус Сити Хол.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста