Експерти: Апсурдна глупост е дека Заев, Димитров и Османи цели три години не знаеле за случајот „Ерменија“

Ноторна глупост и апсурд се изјавите на највисокиот државен врв дека цели три години немале сознание за скандалот со македонските дипломати барани со меѓународна потерница. Вака коментираат експертите, кои се децидни дека кога се работи за случаи што ги води Интерпол клучните министерства во Владата добиваат дневни и неделни извештаи класифицирани како „државна тајна“. Екс началникот во МВР, Љубомир Ѓурчески за Алфа тврди дека Османи, Спасовски и Заев мора да биле информирани за клучни потраги ортворени по барање на меѓународни судови.

„Не може овде некој во Република Македонија да зборува дека не бил информиран или дека не знаел па уште помалку највисоките државни функционери. Било кој просечен истражител да биде вклучен во оваа истрага, да се обрати во Ерменија да добие податоци од кој аеродром полетал авионот, под кој меѓународен код и од целокупната европска навигација ќе добие и каде слетал авионот и кои лица биле внатре. Ова е невиден скандал, кога некој друг раководи со државата, а нашата Влада е ставена на услуга на мафијата“, вели Ѓурчески.

За екс началникот евидентно е дека ваква комплицирана операција, како што е „ерменската афера“ не е можно да се спроведе без голема логистика и влијание на лица носители на Власт кои како што вели имаат моќ да даваат наредби.

„Ова е многу комплициран, многу софистициран случај. Нашите носители на Власт, ако имаат грам чувство за оваа држава, треба да си седнат и да си размислат, кој се треба да понесе политичка одговорност, пред се. Кривичната после е, затоа што има едно кривично дело, во член 306, многу интересно, вика „Доведување на Република Македонија во потчинета состојба спрема други странски држави и разузнавачки служби. Казната е предвидена минумум 5 години затвор. Тоа е кривично дело против уставното уредување на државата“, додава тој.

Во однос на аферата со над 200 лажни лични документи издадени од МВР, Ѓурчевски алармира дека оваа злоупотреба допрва ќе им се урди од глава на македонските граѓани.

„Ало господа, вие сте должни да го дадете списокот, на сите 215 лица кои што користат пасоши со лажен идентитет затоа што ќе и наштетат на Република Македонија и многу лесно може да ни воведат и визен режим, односно да не исфрлат од онаа бенефиција што ја имаме во шенген зоната, а ни направија штета да секој македонски државјанин кој ќе помине било кој граниќен премин да биде сомнителен“, вели поранешниот полициски началник.

Т.н. „ерменска афера“ одекна како бомба во јаноста кон крајот на минатиот месец, кога српски службеници го приведоа македонскиот дипломат Миле Миленкоски, баран од Инрерпол, за сторено кривично дело „илегален премин на граница извршен од група по претходен договор или со употреба на сила или закана“.

Во аферата биле инволвирани тројца македонски дипломати. Тие во 2018 година со приватен авион, веројатно изнајмен во Србија, од Ереван со фалсификувани документи успеале да пренесат во Виена ерменски дипломат обвинет во неговата држава за затајување данок, перење пари и корупција.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста