Економијата и ценовната криза ставени на авто-пилот: Наместо мерки, Бектеши и Битиќи „зафатени„ со кампања

 Економијата и ценовната криза ставени на авто-пилот: Наместо мерки, Бектеши и Битиќи „зафатени„ со кампања

Реалните економски проблеми во сенка на кампањата. Економскиот тим на Владата како да  заборави на реалните прашања кои остануваат отворени и појавувањата во јавноста најчесто им се врзуваат за промовирање на изборни кампањи од нивните партии. Кој ќе влезе во трката за Универзален снабдувач, каков е одговорот на мислењето од првиот човек на Стопанската комора дека не треба да има листа на производи кои ќе бидат опфатени со законот за нефер трговски практики, каде заглавија законите за стратешките инвестиции  – крупните прашања остануваат без одговор.

Министерот за економија Крешник Беткеши последно го видовме на настан во Стопанската комора но како дел од ДУИ за да ја промовира нивната економска програма, па така новинарите имаа прилика да постават некое актуелно прашање

Дуи е отворена политичка партија, секогаш го слуша гласот на засегнатите страни во овој случај на бизнис секторот, а ќе имаме состаноци со сите сектори за да иаме сеопфатна прогтама

Официјалниот Фејсбук профил на Бектеши е во полна пареа. Иако пишува дека е профил на министерот за економија, тој објавува постови и фотографии на секој час , но за промоцијата на претседателскиот кандидат на ДУИ Бујар Османи.Тој изминатиов период воопшто не зборува за работата на министерството кое го води иако кампањата не е ни започната.

Слично е и со вицепремиерот за економски прашања  Фатмир Битиќи, посветен е максимално на кампањата на СДСМ од каде што доаѓа. За волја на вистината, него почесто го гледаме во јавноста но главно да ја промовира кампањата на СДСМ.  Последно на економски настан се појави токму со неговиот сопартиец  Димитар Ковачевски .  Фејсбук профилот пак тој го користи за споделување партиски соопштенија, партиски настани , а си сподели и промотивно видео насловено „ Еден ден со Фатмир Битиќи“ . Граѓаните кои чекаат нешто Владата да направи за да им се подобри животот видоа како  му почнува денот, го запознаа неговиот мачор Лео, а видоа и како после работата во Влада според видеото, се опушта со неговите сопартици играјќи пелјстејшн и табла во седиштето на СДСМ пред да почнат партиските активности

Прашањата кои се од суштинска економска важност и останаа неодговорени по се  изгледа ќе ја чекаат новата Влада, или ќе се завршуваат набрзина  во последните денови од мандатот, но затоа не изостануваат ветувањата за некое идно време како   зголемување на минимална и просечна плата, зголемување на пензии, рамковен договор меѓу сите партии за барањата на бизнисот, милијарди за капитални инвестиции.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста