Две лица од Албанија биле приведни откако биле фатени во обид за нелегално преминување на границата кај „Деве Баир“

На 22.07.2020 во 23.00 часот во близина на Граничен премин „Деве Баир – Граничен камен 94“, на место викано „Репетитори“, полициски службеници од Полициска станица „Деве Баир“ ги привеле Ф.В.(24) и К.Л.(29), двајцата од Р.Албанија, при обид за нелегално преминување на државната граница. Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста