Дендиас незадоволен од исполнетото во Преспанскиот договор

Иако Македонија го смени името,таблите на патоказите,имињата на автопатите, аеродромите, личните документи, сведителствата, а за скоро и парите, сепак Грција е незадоволна, сме имале сериозни доцнења во имплементацијата на договорот од Преспа, истакна грчкиот шеф на дипломатијата Никос Дендиас.

„И во Северна Македонија постојат сериозни доцнења. Разговаравме искрено, како и секогаш со господинот Димитров. Постои амбасадор кој е одговорен за имплементација на договорот, во таа смисла одиме напред. Имаме долгорочна стратешка цел, влез на Западен Балкан во Европска Унија. Услуга не може да се напрви никому, како ние го поминавме овој тест, така и останатите треба. Северна Македонија ја има поддршката од некој кој го поминал овој пат. Разговаравме претходно со Димитров за решавање на ова. Потребна е некоја работа и искрено, од срце сакам да ви кажам дека независно од овие процедури, голема ќе биде и нашата заедничка иднина ако ја видиме добронамерно“, рече Дендиас.

Тој не одговори до каде се Грците со реализирање на нивните обврски од договорот, а речиси ништо суштинско не истакна ни за трговските марки, особено за нивната кампања Маcedonia the Great, која македонската јавност ја протолкува како провокација од Грција. За Димитров пак било важно да имаме разбирање и почит за грижата на другата страна.

Договорот создава повеќе правни обврски за нашата страна, но и делови каде имаме еднакви обврски, како брендовите и трговските марки. Важно е да имаме разбирање и почит за грижата на другата страна, ако го направиме тоа, ќе бидеме двете држави големи“, потенцираше министерот за надворешни работи.

Иако Македонија не го доби датумот за почеток за преговорите со ЕУ сепак македонските власти се истрчаа па спроведоа речиси се од договорот кој без ветениот датум половина не треба ни да важи оти е сразмерно направен со отворањето на поглавјата.
Над 130 институции добија налог да станат национални или северни наместо македонски иако и тие имаа простор да се преименуваат подоцна, барем за внатрешна употреба.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста