Битолски нарко- зависник дупи гуми во Битола

                Страв владее во битолската населба “Бела чешма“. Барем засега, непознат сторител повеќе од еден месец со остар предмет, најверојатно нож, ги дупи гумите на паркираните возила од жителите и фирмите на околните згради. Денеска неколкумина тамошни жители се одважија да си ги кажат маките со уште еден апел власта да преземе нешто, бидејќи досега полицијата доаѓала барем десеттина пати и правеле записници. Другите се плашат да не им бидат запалени становите или дуќаните.

  • Ова не е прв пат. Досега неколку пати се има случено тука на паркингот. Мене тоа ми се случува неколку пати, со остар предмет некој ги сече. На три пати сечени ми се четиир гуми- рече еден жител кај Бела чешма.- Некој стално ги дупи гумите и штетите се големи. Општината треба да преземе нешто со овој објект- рече неговиот сосед. – Втор пат ни дупат по две гуми, па полицијата навистина треба да преземе нешто- рече еден тамошен дуќанџија.

И покрај фактот што досега се издупени над сто гуми за нецел месец, сторителот не е фатен. Тукашните жители вперија прст во напуштениот дом кој од поодамна е нарко- дувло и потенцијално жариште за зарази, а полицијата иако во повеќе наврати доаѓала тука, досега не е преземено ништо.

  • Покрај гумите кои се дупат со нож, постои опасност некои лица да бидат физички нападнати. На потег е локалната власт и полицијата, кои барем засега, немаат преземено ништо.   

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста