„Без лажи и преваре“: Ќерката на градоначалникот на Лозово го доби шпоретот од општината, па фамилијарно го донираа

Општина Лозово организираше наградна игра, па по тој повод една од наградите – шпорет, ја доби ќерката на градоначалникот на општината.

Како што кажа и водителката на настанот, „без лажи и преваре“ шпоретот оди во рацете на семејството на градоначалникот и тие така веднаш, на самиот настан фамилијарно одлучуваат да го доделат шпоретот на некое семејство на кое му треба.

Овој „хуман гест“ одекна на социјалните мрежи, можете да видите на видеото подолу.

За потсетување, градоначалник на Општина Лозово е Ацо Велковски, кој избрка од работа бремена вработена со 14 години стаж во фирмата, случај кој и денеска и носи секојдневно малтретирање и мобинг на Виолета Спасова Колева.

Колева веројатно го држи рекордот во добиени дисциплински постапки од страна на актуелното раководство, зошто во три години откако тој е прв човек на општината таа дури 6 пати морала да се појави на сослушување пред дисциплинската комисија за на крајот, општината да ја избрка од работа и тоа во време кога била бремена со нејзиното второ дете.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста