Без јавен оглас склучени договори за јавни набавки во вредност од 11 милиони евра

Во „четири очи“ без објавување јавен оглас, нетранспаренто, лани се склучени договори за јавни набавки во вредност од 11.000.000 евра, што е за близу 15% повеќе од истиот период претходната година. Ова го покажа Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јануари-јуни 2020 година, објавен денеска од Центарот за граѓански комуникации. Истражувањето покажува дека секој четврти тендер е поништен, а на секој трет е доставенa една или ниту една понуда. Загрижувачки манипулативна е состојбата со необјавувањето на проценетата вредност на набавките. Сѐ уште е висок процентот на поништени јавни набавки.

  • Дел од овие договори вкупно 198 се склучени поради избивањето на кризата со коронавирусот, која ја наметна и потребата од итни набавки на стоки, услуги и работи за заштита и спречување на ширењето на заразата од овој вирус. Притоа, вредноста на договорите за набавка на средства за заштита и лекување од коронавирусот вкупно изнесува околу 2,4 милиони евра. Ова значи дека во првите шест месеци од 2020 година, само 22% од вредноста на договорите склучени без претходно објавување на оглас можат да ѝ се припишат на кризата со ковид-19, велат од Ценатрот за граѓански комуникации.

Во 96% од јавните набавки одлучувачки критериум за најповолна понуда бил „најниската цена“. Поништувањата на тендерите во првото полугодие од 2020 година бележат раст во однос на истиот период претходната година и изнесуваат 27%.

  • Доминантен дел од тендерите се целосно поништени. Најголем број на поништувања имале АД Електрани, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи, велат од Центарот за граѓански комуникации.

На секој трет тендер е доставенa една или ниту една понуда. Конкуренцијата во јавните набавки во првото полугодие од 2020 упатува на минимално подобрување во однос на истиот период 2019, но влошување во однос на 2019 година.

Електронската аукција е користена во дури 92 отсто од тендерите, со што се овозможува и натаму да бидат широко распространети манипулациите во јавните набавки.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста