Никнуваат дивоградби во Студенчишко блато иако е под привремена заштита

Никнуваат дивоградби во самото Студенчишко блато иако е под привремена заштита. Додека се чека донесување на законот со кој блатото ќе се прогласи за парк на природата, таму се градат објекти од цврста градба.

ОХРИД СОС :” На терен како воопшто да не важи привремената заштита, нити пак надлежните институции се трудат да ја спроведуваат. Се остава да се прават најразлични активности, а се чини како да не постои координација помеѓу различните служби на различни нивоа. Па така поединци дури изградиле неколку објекти во границите на Студенчишко Блато. Вака ли ќе се спроведува заштитата, на која се обврзаа македонските институции?”

Од невладината Фронт 21/42 вината ја гледаат во министерството за животна средина,бидејќи како што велат, аминувало донесување на планови кои предвидуваат урбанизација околу Студенчишкото Блато, една од највиталните еколошки жешки точки на Охридското Езеро.И експертот за заштитени подрачја Андреј Совинц,неодама укажа дека доколку итно не се превземат мерки, за неколку години блатото ќе го снема.

Oва е едно од последните подрачја кои имаат карактер на мочуришта со посебни растителни и животински видови, но подрачјето е многу загрозено.На дивоградбите таму не им е место.Некои мислат дека со донесувањето на законот за заштита ќе се реши проблемот, но не. Проблемот ќе биде решен кога ќе почне да се имплементира тој закон, да се направи план на управување но и тоа нема да го реши проблемот ако нема промени на терен.Треба добро да се размисли и каде ќе се лоцира марината која не смее да се направи во каналот кај блатото.Тоа  никако не смее да се случи-вели Совинц.

Државниот инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор на Студенчишкото блато при што е констатирано декана две парцели имало насипано ископи од земја која се насипувала и на трета парцела, но тоа било стопирано. Во границата на Студенчишкото Блато во зона на одржливо користење се изведивале градежни работи на шест локации. Општина Охрид веќе имала постапувано согласно своите надлежности.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста