Ѓорѓиевски за Алфа: Владините мерки се без ефект, ако поскапе струјата ќе поскапат и дел од производите

По граѓаните и производителите со критики за владините политики за цените. Одлуката да се замрзнат според дел од нив била погрешна и не ги дала посакуваните ерзултати. Сега кога цените се одмрзнаа притиасокот е зголемен и допрва ќе расте во пресрет на одлуката за новата цена на електричната енергија. Потпретседателот на Сојузот на стопански комори Горан Ѓорѓиевски во разговор за Алфа стравува дека е можен нов удар ако струјата поскапе, а власта и натамуи ги игнорира апелите и предлозите на стопанствениците.

Главното прашање е „Дали по одмрзнување на цените ќе следи ново покачување на цената прехранбените производи, особено лебот“? Потпретседателот на ССК, Горан Ѓорѓиевски во разговор за Алфа рече дека понудата и побарувачката ќе ја одредат цената на финалниот производ.

Како што рече Ѓорѓиевски, во моментов има стагнација на цената на прозиводите, но и делумна можност за намалување на истите. Смета дека евентуалното покачување на цените на струјата може да да ја зголеми цената на крајниот производ.

Со Горан Ѓорѓиевски разговараше Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста