Општина Прилеп ја започна процедурата за издавање обврзница

Ако биде одобрена оваа обврзница, грејс-периодот за нејзино враќање е 7 години, со тоа што во првите шест години ќе се исплаќаат само каматите, а додека дури во седмата година ќе се исплати главниот долг. Од општина Прилеп се оптимисти дека исплатата можно е да се реализира и многу порано, најмногу заради позитивниот тренд на собирање сериозни приходи во општинската каса.

Како ЛС имаме сериозна дипломатска активност и може да се случи да се отворат нови концесии за ископување и вадење на минерални суровина, како што беше случај и во нашиот претходен мандат, и сериозни средства да се слеат во општинскиот буџет со што би можело рокот на отплаќање на оваа обврзница, ако биде дозволено од Министерството и Владата, да се се сервисира многу порано од оној рок кој е предвиден согласно овој план за развој, односно за емисија на овие хартии од вредност“, уверува Проданоски.

Инаку, одлуката за издавањето на обврзницата во вредност од 5 милиони евра, на нож беше дочекана од локалната опозиција и таа гласаше против. Од ЛС пак, велат дека ако СДСМ работел домаќински додека беа на власт, сега општините не ќе морале да бараат алтетнативни финансиски извори за реализација на проектите кои се од витален интерес за граѓаните.

Каролина Дурло  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста